Во Егејското море пронајдени четири тела

Грчката крајбрежна стража соопшти дека тела на две жени и две деца денеска испливале на турскиот брег, откако брод со илегални имигранти пред два дена потона во морето. Грчките власти презедоа операција за спасување на преживеаните имигранти, откако бродот потона во близина на грчкиот остров Фармакониси на 20 јануари.

Во операцијата беа спасени 16 лица, а осуммина, меѓу кои и деца, се уште се водат како исчезнати.

Од 28 имигранти кои се обидувале да влезат во Грција преку Турција, 26 биле Авганистанци, а двајца Сиријци.

22.01.2014 - 17:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега