На државјаните од БиХ ќе им требаат визи за во Косово

 

Владата во Косово денеска  усвои предлог за воведување на визи за државјаните на Босна и Херцеговина.

- Откако БиХ не ги укина визите за нашите граѓани, Владата на Косово донесе одлука и со реципроцитет воведе визен режим за државјаните на БиХ, напиша на „Твитер“ косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај.

Косовската Влада во декември минатата година одлучи да воведе визи за државјаните на земјите кои не ја признаваат независноста на Косово.

 

Покрај Србија, БиХ е единствената земја во регионот што не ја признава независноста на Косово.

22.01.2014 - 18:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега