Невработеноста во Косово достигнува околу 40 отсто

Светската банка ја негираше Владата на Косово и во последниот извештај изјави дека невработеноста во Косово е 40 отсто, а не 30 проценти.

Овој процент на висока невработеност не се намалил во текот на целиот мандат на актуелната Влада, оценува Банката.

Од друга страна пак, само 23 отсто од работоспособното население во Косово е вработено, што претставува  најниска стапка на вработеност во цела Источна Европа и Централна Азија.

 

Покрај тоа со извештајот се  потврдува дека Косово е во најлоша ситуација во регионот и од други аспекти -  висока сиромаштија, мал број нови бизниси и најниски  приходи споредено со која било друга земја.

22.01.2014 - 19:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега