Пијан прегазил три малолетнички: Лелее, што направив!!!

Малолетничка во кома лежи на Интензивна нега во Осиек откако во неделата на неа налетал автомобил со кој управувало пијан маж. Се работи за 17-годишната Николина А. која се здобила со тешки повреди на главата како и нејзината 15-годишна сестра Клара А. и нивната 17-годишна другарка кои поминале со полесни повреди. 

Според инфирмациите на медиумите, со автомобилот управувал 50-годишен маж, кој во крвта имал 0,80 промили алкохол. Откако ги удрил трите малолетнички, тој излегол од автомобилот, застанал до Николина која поминала со најтешки повреди и почнал да извикува, Леле што направив!

Девојките во моментот на несреќата се движеле на пешачки премин. Инаку, Николина се здобила со тешки повреди на главата поради што е во вештачка кома. 

Засега девојката е во болница, а возачот е задржан во притвор.

22.01.2014 - 23:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега