Црна Гора: Протест поради насилството врз новинарите

Поради бројни нерасветлени напади врз новинарите синдикатот на медиуми на Црна Гора денеска ќе организира протест во Подгорица пред црногорската Влада.

Претседателот на Синдикатот на медиуми Маријана Цамовиќ iизјави дека протестот е планиран за денеска, бидејќи тогаш се одржува и Денот на новинарите на Црна Гора.

“ Ќе се собереме на пладне пред Владата и на тој начин уште еднаш ќе се обидеме на надлежните да им испратиме порака зошто мораат да ги подобрат условите во кои работиме, мора да ни гарантираат безбедност и конечно да ги соопштат имињата на оние кои напаѓаат и ги организираат нападите врз медиумските работници”, вели Цамовиќ.

Таа истакна дека вработените во црногорските медиуми немаат причина за славење, бидејќи нивната положба константно се влошува, а професијата се деградира.

23.01.2014 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега