Црна Гора во септември на преговори за членство во НАТО

Дипломатијата на Црна Гора се обидува да го искористи постепеното зголемување на интересот во САД за проширување на НАТО, и да издејствува покана на самитот кој е планиран да се одржи во Британија во септември.

И покрај тоа што Молитвениот појадок во Вашингтон традиционално не се користи за средби на највисоко ниво со американските власти, црногорските медиуми најавуваат дека премиерот Мило Ѓукановиќ договара средба со американскиот потпреседател Џо Бајден за време на неговиот престој во Вашингтон на почетокот на февурари. Тоа би била прва средба на Ѓукановиќ со американскиот државен врв по враќањето на функцијата премиер во 2012 година.

Се очекува оваа средба да биде искористена за промовирање на црногорската кандидатура за членство во НАТО, која е главно прашање на кое работи нивната дипломатија во САД.

“Средба со Бајден може да ја засили кандидатурата на Црна Гора. Дефинитивно би бил потребен многу силен напор. Во текот на изминатата година идејата за нова рунда проширување на НАТО на самитот во Британија во септември изгледаше сосем неверојатно. Но, во изминативе неколку месеци како да гледаме одредена промена кај дел од американските власти, кои стануваат по-отворени за оваа можност. Никој се уште не вели дека може да одиме напред со оваа идеја, но состојбата станува поветувачка од порано. Со едно голема оградување дека поддршката доаѓа само од еден дел од американската Влада, и дека се уште многу членки на НАТО се противат на проширувањето”, вели за МИА Хорхе Бенитез, еден од водечките експерти за НАТО на Атланскиот совет на САД.

23.01.2014 - 09:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега