Антиќ стана херој на Атланта

Најдобриот наш кошаркар Перо Антиќ забележа уште еден фантастичен меч во НБА лигата, откако ги постигна решавачките поени над тимот над Орландо, за триумф на Аталанта со 112:109/

Досега центарот се најде дури 33 минути на паркетот, што претставува негова најголема минутажа досега. Тој успеа да оствари „дабл-дабл“ во НБА кариерата постигнувајќи 10 поени, 12 скокови и една асистенција.  

Резултати на другите натпревари од НБА лигата одиграни ноќеска: Шарлот - ЛА Клиперс 95:91, Кливленд - Чикаго 87:98, Орландо -Атланта 109:112, Торонто - Далас 93:85, Вашингтон - Бостон 111:113, Њујорк - Филаделфија 106:110, Хјустон - Сакраменто 119:98, Милвоки - Детроит 104:101, Сан Антонио - Оклахома 105:111 и Феникс - Индијана 124:100.

За вечерва се закажани само два натпревара: Мајами - ЛА Лејкерс и Портланд - Денвер.

Пласман Источна конференција: Индијана 33-8 (победи-порази), Мајами 30-12, Атланта 22-19, Торонто 21-20, Чикаго 21-20, Вашингтон 20-21, Бруклин 18-22, Шарлот 19-25,...

Пласман Западна конференција: Оклахома 33-10 (победи-порази), Сан Антонио, 32-10 Портланд 31-11, ЛА Клиперс 29-15, Хјустон 29-15, Голден Стејт 26-17, Феникс 24-17, Далас 25-19,... 

23.01.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега