На хирург му завршила смената па си отишол среде операција!

Хирург од Хрватска го шокираше светот откако среде операција си заминал бидејќи му завршила смената додека неговиот пациент лежел отворен на операционата маса.

- Започнав тешка операција на абдомен во 15 часот, која траеше 20 часа. Операцијата не беше готова, но мојата смена заврши. Со оглед на тоа дека веќе никој не плаќа за прекувремена работа, ја напуштив операционата сала и му дадов на мојот колега кој дојде на смена да ја заврши операцијата која јас ја започнав. По три часа мојот колега хирург заврши со оперирањето, а операцијата беше успешна, вели хирургот од Загреб кој го шокираше светот, чиј идентитет не се открива.

Тој тврди дека не е единствен хирург кој го прави ова, бидејќи според неговите зборови, имало доста вакви случаи и речиси секој хирург си оди кога ќе му заврши смената, а работата во свои раце ја превзема оној кој доаѓа на смена.

- Оваа операција на абдомен беше исклучително тешка и среќа што се се заврши добро. Многу често се случува една операција да ја почне еден, а да ја доврши друг хирург кој дошол на смена, тврди хирургот.

Причината за таквото неетичко однесување е новиот колективен договор, според кој, на лекарите им се воведени смени, а годишно им се признаваат само 180 часови прекувремена работа.

Лекарите тврдат дека не им се исплаќа прекувремената работа, додека хрватското Министерство за здраство наведува дека се им се плаќа.

За овој случај претседателот на Комората на лекари на Хрватска вели дека ова е недозволиво да се случи вакво нешто и дека хирурзите треба да бидат свесни дека не се автомеханичари, за да можат да ја оставаат работата недовршена, или да ја даваат на друг да ја доврши. - Се работи за луѓе и не смее да се загрозува нивниот живот зошто завршила нечија смена. Лекарите не се автомеханичари, вели Хрвоје Миниго.

Овој случај предизвика шок и бура од негативни реакции кај јавноста.

23.01.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега