Визите за Косово ќе се укинат кога ќе запре илегалната имиграција

Албанскиот весник „Коха диторе“ денеска објави дека визите за Косово ќе бидат укинати кога ќе се запре илегалната имиграција.

-Косово треба да ги исполни сите поставени услови за либерализација на визниот режим како и да докаже дека нема опасност од миграција пред Европската комисија да може да им  препорача на Советот и на Европскиот парламент укинување на визите за граѓаните на Косово, се истакнува во соопштението од ЕК.

ЕК ќе испрати експертска мисија во Косово, која ќе ги оценува исполнувањето на критериумите во борбата против организираниот криминал, корупцијата и имплементацијата на Договорот за набдгледување на границите. 

23.01.2014 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега