Долгот на Грција достигна до 317,3 милијарди евра

Во третото тримесечје на 2013 година државниот долг на Грција достигна до 317,3 милијарди евра што е 173,4 отсто од БДП на земјата.

Долгот се зголемил за 17 милијарди евра или за 5,7 отсто во споредба со истиот период на 2012 година, покажуваат податоците на статистичката служба на ЕУ и на Грција, пишува весникот „Етнос“.

Со овој показател, Грција е земјата со највисок државен долг во цела Европа.

23.01.2014 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа