Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на новите владини мерки

Пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска изразија поддршка на новонајавената мерка на Владата на Република Македонија која е во насока на подобрување на положбата и поголеми работнички права на вработените во МВР.

 Со оваа мерка, рече денеска Владимир Ѓорчев, ќе се стави крај на неусогласеноста на основната плата во МВР со основната плата во државната администрација. Меѓу другото, додаде тој, ја поздравуваме соработката помеѓу Владата и Македонскиот полициски синдикат кои заедно решија да го надминат овој предизвик, преку повеќегодишна стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата во државната администрација.

-Со оваа мерка сите вработени во МВР ќе добијат дополнителна потврда и унапредување на нивноит статус кој тие објективно го заслужуваат во македонското општество. Како што беше најавено, оваа мерка треба да обезбеди етапно усогласување на структурата на платите во МВР за да да бидат слични со основната плата во државната администрација и платите на другите полициски служби во земјите во регионот. Сето ова ќе се оствари преку извршување на корекција на платата по ранг, давајќи приоритет на ниските плати и стандардизација на разликата на плати помеѓу ранговите и нивоата. Оваа новонајавена мерка подразбира и  признавање на посебната улога на МВР во државата и општеството, поради ризиците, функциите кои ги врши и специфичните задачи во кои не се вклучени други органи и институции, рече Ѓорчев на денешната прес-конференција.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ изразуваат жалење што СДСМ повторно молчи и, како што велат, не успева да признае дека ова се позитивни мерки за доброто на граѓаните. СДСМ сеуште не поздрави ниту една, буквално ниту една мерка.

-Тие и понатаму продолжуваат со својата политика по која се препознатливи, политика на критикување и омаловажување на се што прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што СДСМ не сака да ги поддржи овие мерки јасно говори дека тие никогаш не ни биле заинтересирани за решавање на овие проблеми кои во најголем број се создадени токму од Владите на СДСМ. Додека СДСМ критикува, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да излегува во пресрет на сите проблеми и да се соочува со сите предизвици, се со една цел, подобар и поквалитетен живот на граѓаните на Република Македонија.  Граѓаните секогаш знаат најдобро да проценат кој ги решава нивните проблеми и кој напорно работи за подобрување на нивниот стандард, рече денеска Ѓорчев.

23.01.2014 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега