Сефовите на Аркан ќе бидат отворени до вторник!

Приватните сефови  на Жељко Ражнатовиќ- Аркан кои се наоѓаат во Комерцијална банка според судскиот налог би требало да се отворат до 28 јануари.

Законот наложува судската наредба во рок од 8 дена да ја спроведе обвинителството, во присуство на полицијата и на сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, како овластен корисник.

-Доколку Светлана Ражнатовиќ не се согласи со налогот на судијата или не се најде вториот клуч, покрај оној што се чува во банката, сефовите насилно ќе бидат отворени. По тоа обвинителството ќе ја прегледа нивната содржина и ќе утврди дали има докази кои би се користеле во евентуаланта кривична постапка – објаснува за Блиц извор од правосудството.

Тимот за воени злосторства на обвинтиелот Владимир Вукчевиќ е заинтересиран да се дознае дали и што Аркан , како командант на Српската доброволна гарда, скрил во сефовите како и да собере докази за направените воени злостроства.

Ова барање на тужителството уследи откако од Хаг во Белград беше испратен материјал кој бил предмет на обвинението против Ражнатовиќ. Материјалот се проверува, а наскоро ќе се знае дали врз основа на тоа ќе биде покрената и некаква кривична постапка.

23.01.2014 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега