Ахмети и Орав за евроатланските интеграции на Македонија

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на ДУИ во Тетово го пречека Амбасадорот на Европската Унија во Скопје,  Аиво Орав.

-Амбасадорот Орав ги истакна своите видувања околу посетата на Бесими и Попоски во Брисел и ги нагласи напорите на Европската Унија за постигнување на напредок во реализацијата на дијалогот на високо ниво помеѓу Брисел и Скопје затоа што тоа би го олеснило патот на Македонија за побрза интеграција во Европската Унија, информираат денеска од ДУИ

СПоред информациите од ДУИ, двајцата лидери разговарале околу политичките актуелности во земјава, вклучително и Евроатлантсската интеграција, решавањето на прашањето со името, претседателските избори како и најавите за евентуални предвремени парламентарни избори.

Ахмети ја посочил големата значајност што ја има решавањето на прашањето со името, не само за Македонија, туку и за регионот и самата Европа. Тој уште еднаш упатил апел до институциите на ЕУ како и земјите членки на Унијата да помогнат во постигнувањето на консенсус.

Во врска со Претседателските избори, Претседателот Ахмети го повторил ставот за постигнување на нов прогресивен стандард во Македонија и избирање на консенсуален претседател кој ќе ги претставува сите етнички заедници во земјата и ќе биде посветен на интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.

-Во однос на најавите за предвремени парламентарни избори, претседателот Ахмети нагласи дека ДУИ се уште нема разговарано околу евентуалното оддржување на предвремени избори иако ДУИ е готова во секој момент да влезе во изборен процес со другите партии. Демократската Унија за Интеграција детално ќе ги анализира сите прашања кои што се поврзуваат со тој процес и ќе донесе одлука која што ќе биде во интерес на граѓаните и на земјата, стои во соопштението од ДУИ.

23.01.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега