Хрватски воен ветеран продава бубрег за да преживее

49- годишниот Звонко Чулина е ветеран и инвалид од Војната во Хрватска од почетокот на 90-те години, тпој е принуден да го продаде својот бубрег за да може да преживее објави весникот „Вечерњи лист“.

Чулина, кој бил полицаец, во минатото штрајкувал со глад за да изврши притисок за подобрување на неговиот стстус, но сега притиснат од проблемите, единствен излез од состојбата во која се наоѓа со семејството гледа во продажбата на делови од своето тело, пишува весникот.

Здружението на хрватските воени ветерани и една мала партија упатија „апел за спас“ на Чулина.

- Таквата социјална положба на еден чесен и авторитетен ветеран, на кого во текот на последните 13 години хрватските власти му даваа празни ветувања, е крајно срамно, се наведува во апелот. 

23.01.2014 - 17:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа