Лоши вести од НБА: Перо Антиќ во аут

Првиот Македонец во НБА лигата, центарот на Атланта хокс Перо Антиќ го повредил зглобот на десната нога на дуелот против Бруклин нетс во Лондон на 16 јануари.

Како што соопшти клубот, рентгенските снимки по натпреварот не покажале ништо и тој продолжи да игра без да пропушти натпревар. По направената магнетна резонанца во Атланта била откриена фрактура на зглобот на десната нога и ќе му биде ставена лонгета.

Се очекува Антиќ да биде надвор од терените помеѓу две и четири недели.

Антиќ игра одлично во дресот на Атланта, синоќа имаше клучна улога во гостинскиот триумф на Хоукси над Орландо меџик од 112:109. Нашиот центар го забележа првиот дабл-дабл во кратката НБА-кариера, со десет поени и 12 скока.

 

 

24.01.2014 - 00:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега