Пад на продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи во март годинава се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво за 1,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март во однос на претходниот месец продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,0 отсто, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,4 отсто.

Во март 2013, во споредба со март 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 4,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 3,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 14,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,5 осто на месечно ниво, а за 3,5 отсто на годишно ниво.

 

најчитано сега