ДУИ: Подготвени сме за предвремени избори

Апсолутно сме подготвени за предвремени избори и според сите анкети ќе однесеме убедлива победа, но сепак како партија имаме пошироки интереси. Потпаролот на ДУИ Бујар Османи денеска изјави дека во Мала Речица се отворило прашањето за предвремени избори, но дека во партијата се уште нема одлука дали во пакет со претседателските, ќе има и предвремени парламентарни избори.

Османи рече декла на вчерашното претседателство на партијата се павела анализа за тоа колку е спроведена владината програма до сега, но бидејќи анализата не завршила, одлука знајверојатно ќе се донесе наредните денови.

Од ДУИ велат дека за ова прашање не разговарале со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш го потврдија ставот дека на Македонија и е потребен консензуален кандидат за претседател.

Османи потврди дека изминатава недела имало редовна средба меѓу лидерите Груевски и Ахмети, но се разговарало за тековни работи. Османи ги демантира информациите дека ДУИ го условува коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ со консензуален кандидат во замена за предвремени избори.

24.01.2014 - 11:44
Фото: 
Журнал.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега