Се отворија советниците на СДСМ: Од Бихаќка не тераа само да опструираме проекти и да критикуваме

Демократскиот сојуз е политичка партија, која е отворена за сите граѓани, кои ја прифаќаат програмата на ДС и се подготвени со својата активност да ги менуваат и подобруваат состојбите, информираат од партијата во писмено соопштение. 
Советниците и поголем број на членови од Сопиште, кои го напуштија СДСМ и преминаа во Демократскиот сојуз, вела дека на ваков чекор се решиле поради деструктивната политика на СДСМ.
„Поради несогласување со политиката  и активностите на СДСМ, одлучивме да го напуштиме СДСМ и да преминеме во Демократски сојуз.
Подолго време од Централното раководство на СДСМ не ни дозволуваат да ги застапуваме интересите на граѓаните од општината Сопиште, потоа инсистираат да ги опструираме проектите од важност за граѓаните, постојано ни даваат инструкции само да критикуваме и сл.
Сето тоа, не наведе да донесеме одлука, ние тројца советници, како и повеќе членови  на СДСМ, да се вклучиме во работата на ДС, партија која е отворена за нови идеи, нови луѓе, партија која ги поддржува и афирмира иницијативите и новите идеи, партија со демократски капацитет.
Преку  партиското дејствување, како и преку Советот на општината, ќе направиме сè, Општината Сопиште економски да се развива, да се градат улици, водоводи, да се градат нови населби и да привлечеме домашни и странски инвеститори.“ - велат советниците на СДСМ од општина Сопиште кои пред два дена преминаа во Демократски сојуз.
 
24.01.2014 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега