Надал е противникот на Вавринка во завршниот меч во Мелбурн

Откако денеска со 3-0 во сетови 7:6, 6:3 и 6:3, Надал го совлада Роџер Федерер (Швајцарија) шпанскиот тенисер на убедлив начин се пласираше во финалето на Грен слемот Австралија Опен.
 
За Шпанецот ова е 19 финале на големите турнири од кои има 13 трофеи.
 
Во завршниот меч на турнирот во Мелбурн, кој е закажан за во недела во 9 часот и 30 минути по средноевропско време Надал ќе игра со Станислас Вавринка, кој пред неколку дена успеа да го совлада Новак Гоковиќ и да го симне од тронот.

24.01.2014 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа