Старо-нова албанска партија се враќа на политичката сцена

Арбен Руси беше избран за нов претседател на обновената Партија на албанците за демократски просперитет. Ваквата одлука беше донесена на вчерашното основачко собрание. Меѓу членовите на партијата се сите основоположници на партијата, освен поранешниот претседател Абдуљади Вејсели. 

Паралелно со Руси, попладнево со ново членство основачко собрание одржува и Вејсели. 

Руси истакна дека партијата продолжува со својата политика. 

Ќе се штитат правата на Албанците, притоа несакајќи да се наштети на било која етничка заедница во земјава.  

24.01.2014 - 17:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега