ВЛАДАТА ДЕМАНТИРА: Ставревски не оди никаде!

Информацијата која што неколку опозициски портали ја обелоденија дека министерот за финансии Зоран Ставревски ја напушта Владата и заминува да работи во Светска Банка во Америка, беше демантирана од страна на Владата, пренесува Утрински. Ваквите наводи на порталите се тотално невистинити и дека на овој начин се покажува стравот кој што владее во кругот на одредени опозициски структури и кујни од политичката улога на министерот Ставревски.  

Неколку портали објавија дека Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оди во Светска банка и го напушта кабинетот на Груевски, но Владата демантираше дека Ставрески си заминува.

Претходно одредени портали пишуваа дека Зоран Ставрески бил решен да даде оставка на функцијата која ја извршува веќе шеста година и оти од Скопје ќе се пресели во Вашингтон. 

"Очигледно е дека Ставрески, како еден од главните столбови на реализацијата на економските политики со кои Македонија успева да им одолее на предизвиците на светските и европските економски кризи, и со кои земјата се извлече од економската агонија која беше наследена од претходната влада, и поради угледот и поддршката кои како личност ги има кај граѓаните, предизвикува по којзнае кој пат паника во редовите на нашите политички конкурентни, и затоа одредени кујни се обидуваат да манипулираат, измислувајќи евтини приказни. Можам да кажам дека ваквите дезинформации, кои ги демантирам, нам, на еден начин, ни предизвикуваат и задоволство затоа што го покажуваат сериозниот немир кај конкурентските политички структури", изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев. 

Ставрески веќе има работено во Светска банка каде што замина во 2002 година. 

24.01.2014 - 19:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега