Наташа Савова во возвраќа ударот - што се случува во СДСМ

Наташа Савова го возвраќа ударот. По денешната прес конференција на партискиот портарол Петре Шилегов, на која и порача да си поднесе оставка во Собранието, Савова, за Дневник, вели дека мандатот и го дале граѓаните и дека единствено тие можат да побараат таа да го врати назад.
Нетрпеливоста на релација Савова - СДСМ кулминираше кога пратеничката и поранешен висок партиски функционер на својот профил на Facebook напиша дека не ни очекува ново пратеничко место од луѓето кои се како што рече „канцер во СДСМ“
По ова, Шилегов на прес конференција на Бихаќка одговарајќи на новинарско прашање рече дека Савова треба да си поднесе оставка доколку го мисли тоа што го напишала на социјалната мрежа. 

Проблемите во СДСМ избија откако на голем дел од актуелните пратеници им станало јасно дека нема да бидат дел од новиот пратенички состав. Всникот Дневник објави дека освен Шеќеринска и Спасовски, од актуелните претници нов мандат во Собранието може да очекуваат само Игор Ивановски, Цветанка Иванова, Марјанчо Николов и Менде Диневски.

Неколку медиуми објавија дека токму тоа била и причината пред неколку дена на Бихаќка ситуацијата да дојде до тепачка по расправата меѓу Макрадули од една и Шеќеринска и Николов од друга страна. Оааа информација Шилегов ја демантираше

24.01.2014 - 21:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега