ВМРО-ДПМНЕ: Скандалите на Заев се небројни - дрско го богател својот пријател Крстев

Скандалите на Зоран Заев се небројни. Неговиот парнтер Горан Крстев е омилениот бизнисмен кој очигледно има предност кога станува збор за бизниси во Општина Струмица, обвинуваат денеска од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакна Борче Стамов на денешната прес-конференција, Зоран Заев на својот близок пријател и бизнис партнер Горан Крстев му обезбедувал приходи и преку фирмата Сара Јавор Инженеринг, каде што денес Горан Крстев е бизнис партнер и ко-сопственик со братот на Зоран Заев, Вице Заев.

-Зоран Заев освен што му обезбедил купување на атрактивно градежно земјиште по едно евро за метар квадратен на Горан Крстев, како и јавни набавки во вредност од 1 милион и 600 илјади евра на неговата семејна фирма Јавор Шпед ДООЕЛ, му обезбедил и дополнителни 6 јавни набавки со вкупна вредност од 1.739.968 денари на име на друга негова фирма со име Сара Јавор Инженеринг. Овие 6 јавни набавки Горан Крстев ги добил преку фирмата Сара Јавор Инженеринг. Од нив, 5 јавни набавки се склучени со ЈП Комуналец Струмица со вкупна вредност од 1.391.178 денари, додека 1 јавна набавка е склучена директно со Општина Струмица во вредност од 348.808 денари, рече Стамов.

 

Зоран Заев, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, дрско и неодговорно ја користел општината за богатење на своите роднини, своите пријатели и бизнис партнери на семејството Заеви.

-Зоран Заев ниту еднаш не се одважи да излезе и да ги објасни овие скандалозни јавни набавки. Ова испумпување на парите на граѓаните на Општина Струмица е крајно неетички и неморално. Ако Зоран Заев и неговиот другар Горан Крстев конечно се вратија од скијање, време е да излезат пред јавноста и да ги објаснат серијата на скандали, повикуваат од владејачката партија.

 

Ете вака, рече денеска Стамовв, семејтвото Заеви од едно просечно македонско семејство, се претворија во, како што рече, семејство кое поседува оранжерии, градежни, текстилни, прехрамбени, конзервни компании, маркет, брокерска фирма и штедилница, угостителски и други деловни објекти.

-Благодарение на својата позиција како градоначалник на О.Струмица, Зоран Заев им обезбедил милиони евра приход на фирмите од неговиот клан, рече Стамов.

 

25.01.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега