Панов се пофали со проектите во Кавадарци

Пред истекот на првата година од мандатот, градоначалникот на Кавадарци Александар Панов даде отчет на сработеното и потсети на визијата од програмата за 2014 година.

-Во изминатиов период од неколку месеци помогнати од Владата на Р.Македонија реализиравме и почнавме со реализација на многу проекти кои значат подобрување на условите за живот и работа на граѓаните на Општина Кавадарци. Со несмалено темпо, полни со дополнителна енергија продолжуваме со реализација на проектите, рече Панов на денешната прес-конференција.

Еве ги проектите со кои се пофали Панов:

 

•Разрешување на проблемот со водоснабдувањето со помош на рекордни 2.000.000 евра од Владата на Р.Македонија, како и инсталирање на скада системот и регулирање на притисоците.

•Заменети се цементно-азбестните цевки во ниската зона со нов метални цевки.

•Станавме лидери во регионот кога е во прашање енергетската ефикасност со инвестирање на 21.000.000 денари, во воспитно-образовните институции и градинките со комплетна замена на ПВЦ-столаријата и нови термо фасади.

•Изградивме нов кружен тек на влезот од градот.

•Се финишира проектот за реконструкција на регионалниот пат до Мушов гроб во должина од 16.5 км.

•Го завршивме проектот за замена на класичните светилки со нови еколошки и штедливи лед светилки.

•Пробиен е патот до селото Галиште.

•Асфалтиран е патот до с.Фариш во должина од 1 км.

•Ревитализиран е 1 километар од патот Ладно Долче-Страгово.

•Го реконструиравме главниот мост на реката Луда Мара.

•Со помош на Владата инсталиравме хлораторски станици со што селата Крњево, Страгово, Долна Бошава, Бојанчиште и Куманичево за прв пат добија бактериолошки исправна вода за пиење.

•Го продолживме колекторскиот систем за нови 300 метри.

•Со помош на Владата на Р.Македонија пуштен е во употреба водоснабдителниот систем Сува Гора.

•Започнавме со реализиација на уште еден капитален проект “Катна Гаража” и го започнавме процесот на решавање на проблемот со паркирањето во Кавадарци.

•Кавадарци доби нов Музеј на вкусовите единствен во Република Македонија.

•Изработен е споменик во чест на жртвите од Тиквешкото востание од 1913 година.

•Реконструиран е покривот на манастирот Св. Никола-Mокришки.

•Набавена е нова авто-смеќарка за тесните улици во градот.

•Набавен е нов минибус за потребите на локалната самоуправа, образованието и НВО секторот.

•Реноворано е детското одморалиште Михајлово.

•Формирана е регионална Стопанска комора во Кавадарци.

•После повеќе децении за Кавадарци се носи нов Генерален Урбанистички План.

•Започнавме со комплетна реконструкција на комплексот околу улица Охридска.

Но тука не застануваме, оваа година посветено и одговорно ќе се фокусираме на:

•Воведување на зонско паркирање.

•Ставање во функција на градскиот базен за што отпочна постапка за јавно-приватно партнерство.

•Ќе го понудиме за реализација проектот за деловно-трговски центар на местото на градскиот пазар.

•Ќе инвестираме над 40.000.000 денари од Светска Банка во доградба и реконструкција на кровови во неколку воспитно-образовни институции.

•Со помош на Владата ќе продолжиме со проекот за реконструкција на патот Ресава-Бегниште и патот Страгово-Крњево.

•За прв пат ќе се донесе Урбанистички план за селата Сопот, Марема, Дреново и Возарци.

•Ќе се реконструира комплетно училиштето во село Марена.

•Ќе се реконструира улицата Гоце Делчев и улицата Шишка како огромни улици од Кавадарци.

•И она на што сме посебно горди, заврши изградбата на фабриката Дрекслермаер, една од најголемите странски инвестиции по бројот на вработени. Досега се вработени над 2500 граѓани и тој процес не престанува. Почната е постапка за вработување и во новата инвестиција Кофикаб која  ќе отвори нови 500 работни места.

-Во последниот период она што беше идеја и визија ќе се трудиме да стане вистина, она што беше на хартија ќе го лоцираме на терен, за подобро Кавадарци, рече Панов.

25.01.2014 - 14:11
Фото: 
vmro-dpmne.org.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега