ЕХФ одлучи и Косово да игра ракомет

Европската ракометна федерација даде дозвола на ракометната федерација на Косово, да може да оформи своја репрезентација, која ќе игра пријателски мечеви. Ваквата одлука беше донесена од страна на Извршниот комитет на ЕХФ за време на ЕП во Данска. Истата стапува веднаш на сила, а на Косово му е дадено и зелено светло да учествува на ЕП за млади категории. 

Косово ќе го видиме на следните квалификации за европските првенство во категоријата до 19 години, како и на натпреварувањето за ракометари на континенталните натпреварувања за помлади од 18 години.

Во соопштението објавено на официјалната интернет страница на ЕХФ за евентуално полнправно членство на Косово во Евроската ракометна федерација ќе се расправа во септември на конгресот во Даблин.

26.01.2014 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега