Манасков: Ни се исполни желбата - ги добивме Грците

Македонскиот ракометар Дејан Манасков е задоволен што за пласман на Мундијалот во Катар македонската репрезентација ќе ги одмери силите со Грција.

-Видов дека ја добивме Грција за противник и задоволен сум поради тоа. Да бидам искрен, сите ја посакувавме Грција, па нормално е да бидеме среќни што желбата ни се исполни. Политика е политика и не треба да се меша со спортот, но овојпат станува збор за нешто специфично, па сигурно ќе бидеме дополнително мотивирани за да славиме и да се пласираме на СП 2015 во Катар. Немам премногу информации за противникот во моментов, но јасно е дека ние сме фаворити и решени сме оваа улога да ја потврдиме на терен, вели Манасков за Екипа.

26.01.2014 - 14:02
Фото: 
tempomk.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега