Вучиќ:„Падна Владата на Србија“

Вицепремиерот на Србија  Александар Вучиќ синоќа изјави дека „Владата на Србија паднала“ и дека таа суштински е во оставка.

- Сите министи се во оставка... Кога да разговараме за оставката? Па, Владата падна. Сите министри се во оставка. Не се формално, но суштински се, изјави Вучиќ при гостувањето во емисијата „Впечаток на неделата“ на телевизијата Б92, запрашан дали разговарал со министерот за економија Саша Радуловиќ за неговата оставка.

Вучиќ нагласи дека последен пат се сретнал со Радуовиќ пред усвојувањето на законите за приватиозација и за стачај од страна на Владата, додавајќи дека не е разговарано за неговата оставка затоа што таа се случила „во момент кога паднала Владата“.

Радуловиќ поднесе оставка во саботата, нагласувајќи дека се решил на таквиот потег затоа што во Владата „не постои политичка волја за спроведување на реформи“.

 

27.01.2014 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега