Мојсоски: На Филип Втори против Грција нема да не собере

Наумче Мојсовски како и останатите ракометари во националниот тим велат дека Грција претставува идеален противник за нашата селекција, пред се поради тоа што оваа земја е лесен противник за разлика од останатите тимови кои се со повисок рејтинг и квалитет, но и поради тоа што Грција дефинитивно ќе придонесе за поголеми возбудувања поради проблемите кои што ѓи имаме на политички план. 

- Самите да си избиравме противник за баражот, подобар не ќе можевме да избереме. Мислам дека Грција ни е идеален противник и не би требало да имаме поголем проблем да се пласираме на светското првенство. Идеално е и тоа што играме прво на гости, па потоа дома. Сите во репрезентацијата го посакувавме овој противник и желбите ни се исполнија. Kога и да игра нашата репрезентација, таа добива стоотстотна поддршка од навивачите, а, земајќи ја предвид ситуацијата помеѓу Македонија и Грција, во случајов мислам дека ќе добиеме барем двојно поголема поддршка од вообичаеното. Мислам дека дури и да играме на стадионот „Филип Втори“, трибините ќе бидат преполни и ќе се бара билет повеќе. Секако, ние очекуваме нашите навивачи да н` поддржат – вели Наумче Мојсовски за Дневник, кој моментно е во Хрватска каде што закрепнува од повредата што ја доби непосредно пред почетокот на ЕП. 

27.01.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега