Надал се зацврсти на врвот на АТП

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, во најновата АТП ранг листа се зацврсти на првото место оддалечувајќи се од второпласираниот Ѓоковиќ за 3710 поени. 

Сега најдобриот тенисер на светот има 14.330. Надал и покрај тоа што беше поразен во финалето на турнирот во Австралија, сепак ја зголеми предноста поради тоа што и Србинот беше елиминиран уште во четврфиналето. 

Српскиот тенисер е на втората позиција и сега има 10.620 бода.

Освојувачот на трофејот во Австралија, швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка се искачи на третото место на АТП листата со 5.710 бодови.

Од четвртото до 10.место следуваат: Хуан Мартин дел Потро (Аргентина), Давид Ферер (Шпанија), Енди Мареј (Велика Британија), Томаш Бердих (Чешка), Рожер Федерер (Швајцарија), Ришар Гаске (Франција) и Жо-Вилфред Цонга (Франција). 

27.01.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега