Несреќен скопјанец: Отишол на пат се вратил во празен стан

Скопјанец остана без богатството вредно 300.000 денари, откако засега непознато лице го ограбило неговиот стан на булеварот „Трета Македонска Бригада“.

Од полицијата информираат дека кражбата се случила во пероиодот од 21. до 25. јануари годинава. Крадецот провалил во станот и украл златен накит, часовници, парфеми и бижутерија, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

 

27.01.2014 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега