Челзи го сака Џон Тери за тренер

Клубот Челзи на својот играч Џон Тери ќе му понуди да работи како тренер во „Академијата Челзи“ кога тој ќе се реши да ја заврши фудбалската кариера.

33- годишниот Џон Тери  е капитен на „сините“ од Лондон има „УЕФА Б“ лиценца што претставува прв чекор кон добивање дозвола „Про“ неопходна за неговата амбиција да биде тренер по крајот на кариерата.

Сепак во моментов капитенот целосно е фокусиран на играчката кариера. Неговиот актуелен договор со клубот од Лондон истекува во јуни и се уште не е јасна неговата иднина на „Стемфорд Бриџ“ по крајот од сезоната. Најголем проблем претставува инсистирањето на Тери на нов двегодишен договор, додека клубот има политика на играчите над 30 година да им понудува 12 месечни договори со можност за продолжување.

Со игрите кои ги прикажува Тери под водство на Мурињо повторно е стандарден во тимот, а селекторот на Англија Рој Хоџсон има намера повторно да го врати во репрезентацијата и покрај неговата одлука да се повлече од репрезентативните настапи.

 Тери целата досегашна кариера ја помина како играч на Челзи, со тоа што на шест натпревари има настапувано како позајмен фудбалер за Нотингем Форест. Во „синиот“ дрес на 409 натпревари постигнал 34 голови, а во националната селекција одиграл 78 натпревари и постигнал шест погодоци.

 

 

27.01.2014 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега