Бразилците против скапата организација на Мундијалот

Над 2000 лица излегоа на улиците на Сао Паоло со цел да протестираат против одржувањето на Мундијалот кој ќе трае од 12 јуни до 14 јули. 

Гневот е насочен кон парите кои се потрошени за одржување на истиот. Демонстрантите во најголем дел се организираат преку социјалните мрежи и веќе се повкани над 20.000 луѓе да излезат на улиците на 30 градови низ земјата. 

Ваквата ситуација потсетува на минатата година, кога голем број на протести се одржаа за време на генералната проба за Светското првенство. 

Тогаш вкупно милион луѓе излегоа на улиците, незадоволни од работата на државните служби, како и поради злоупотребата на средства.

Поголемиот дел од жителите на Бразил се лути поради изградбата на скапите фудбалски стадиони и бараат средствата да бидат вложени во подобрување на јавниот превоз, како и на образованието.

27.01.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа