Две лица повредени во напад врз автобус во Албанија

Две лица беа ранети денеска во јужна Албанија, кога вооружено лице нападна автобус заради грабеж, соопшти албанската полиција.

Дваесет и петгодишен маж е примен во болница и е во животна опасност, а 19-годишна жена добила повреди поради скршено стакло по нападот.

Нападот се случил во градот Тепелене, на 190 километри јужно од Тирана.

Автобусот патувал од Атина кон Тирана со 16 патници. Патниците изјавиле дека паднале во заседа на локални банди крадци во планинскиот дел од патот.

27.01.2014 - 19:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа