Самсоненко не губи време: Русинот Андреев на чело на ФК Вардар

Искусниот руски експерт, Сергеј Андреев, најверојатно на први февруари ќе биде претставен како нов тренер на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар.

Андреев за руските медиуми потврди дека бил контактиран од новиот сопственик на ФК Вардар, сонародникот Сергеј Самсоненко.

„Многу ми е драго што добив понуда и ќе продолжам со тренерската професија. Искрено, во прв момент не верував. Тоа ќе ми биде прво искуство надвор од нашите граници, но не се стравувам од предизвикот. Утре ќе биде потпишан договорот, а на први февруари треба да бидам претставен пред фудбалерите“, изјави Сергеј Андреев за „Доннењс.ру“.

27.01.2014 - 21:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега