Албанците во шок: Еден убиен еден повреден во напад на автобус

Едно лице загина а едно се здоби со потешки повреди откако се уште непознати лица нападнале автобус во јужниотдел на Албанија, соопштува локалната полиција. Според информациите, напаѓачите сакале да извршат грабеж во автобусот.
Нападот се случил кај гратчето Тепелин на линијата Тирана - Атина.
25 годишно момче е мртво, додека 19 годишник е ранет и префрлен во болница.
Напаѓачите од заседа почнале да пукнаат кон автобусот за да го запрат и да ги ограбат патниците. Возачот сепак продолжил да вози а застанал во првата полициска станица

27.01.2014 - 21:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега