Македонците го замолкнаа Пионир - МЗТ го победи Партизан среде Белград

Кошаркарите на МЗТ Скопје го совладаа големиот Партизан и тоа во Белград. Со оваа победа им се одмаздија за среќниот триумф во првиот дел од годинашнава Јадранска лига во Скопје, кога Партизан славеше со еден поен разлика.

 

Вечерва аеродромци ја обезбедија победата во последната четвртина во која се влезе со израмнет резултат, но сините ја добија со 21-14 за конечни 73-66. Со оваа голема победа МЗТ се проби на седмата прозиција, а Партизан останува лидер.

27.01.2014 - 22:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа