Внимавајте каде паркирате - Пајакот собрал 90 автомобили за еден ден

Во текот на изминатото деноноќие, сообраќајната полиција казнила 21 возач кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Осум од нив, со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Санкционирани биле и седум возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница и девет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле 90 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција ќе одржи работилница на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

28.01.2014 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега