Грција очекува договор со „тројката“ до крајот на февруари

На средбата во еврогрупата во февруари Грција очекува да постигне принципиелен договор со „тројката“ меѓународни кредитори (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) , така што одлуката за одобрување на следната транша од заемите за земјата ќе биде донесена на средбата во март.

Ова го соопшти грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас на крајот од вчерашната средба на Еврогрупата во Брисел.

Министерот призна дека грчката страна се уште има разлики со „тројката“ за некои од разгледуваните теми, но прецизира дека Атина на кредиторите им дала алтернативни предлози.

Пред Еврогрупата, Стурнарас изјави дека Грција ги исполнила буџетските цели за 2013 година и дека се очекува првичниот буџетски суфицит да изнесува 830 милиони евра.

Тоа е големо постигнување, рече министерот нагласувајќи дека  „основното прашање на преговорите со „тројката“ за покривање на дупката во буџетот за годинава е решен на начин што не подлежи на сомнеж“.

28.01.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега