Српската влада од денеска влегува во технички мандат

На денешната седница српската Влада треба да го усвои предлогот за распуштање на Парламентот и да го испрати до претседателот, со цел тој да распише вонредни избори.

Премиерот Ивица Дачиќ претходно најави дека Владата на првата следна седница ќе го испрати тој предлог до претседателот на државата и ќе продолжи да работи со технички мандат.

Претседателот Томислав Николиќ врз основа на образложениот предлог би требало најдоцна до 29 јануари да распише вонредни парламентарни избори, со цел тие да бидат одржани до 16 март.

Согласно Законот, на владата и претстанува мандатот со распуштањето на Парламентот, изгласувањето недоверба, оставка на кабинетот, изгласување недоверба на премиерот и неговата оставка.

28.01.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа