Земјотрес "ја стресе" Бања Лука

Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени денеска ја стресе Бања Лука. 

Според податоците на Јутарњи лист, епицентарот на земјотресот бил дваесетина километри северозападно од Бања Лука, во западниот дел од планината Козара во Босна и Херцеговина, а бил почувствуван и во Хрватска се до Сисак, Кутина и Пожега.

Засега нема информација за предизвикана материјална штета.

28.01.2014 - 09:42
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега