Тито планирал да побегне во Швајцарија?!

Јосип Броз Тито, лидерот на Југославија размислувал да побегне од земјата и да оди во Швајцарија. Според податоците на авторот на книгата „Тајните служби на Велика Британија“, Горан Николиќ, Тито после резолуцијата на Информбирото и конфликтот со Советскиот Сојуз размислувал да ја напушти Југославија и да отиде во Швајцарија.

- „Британските известувачи пратиле на терен во централата на своите тајни служби податоци дека за време на најжестоката криза и конфликт помеѓу Југославија и СССР,Тито контактирал со властите на Швајцарија во намера да дознае дали постои можност да добие азил во таа земја“, вели авторот на книгата.

Податоците дека британските тајни служби биле многу активни во Југославија за време на 40-тите и 50-тите години, ја поткрепуваат оваа информација.

Инаку, книгата  „Тајните служби на Велика Британија“ треба да биде објавена во февруари.

28.01.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа