Цеца: Клучот од сефот на Аркан го земаа во акцијата "Сабја"

Во „Комерцијалната банка“ во Белград вчера беа отворени сефовите на Жељко Ражнатовиќ Аркан, по наредбата која беше издадена минатата недела. Како што дозна Блиц, во сефовите на Аркан не било пронајдено ништо.

Сопругата на Аркан, пејачката Светлана цеца Ражнатовиќ која вчера не присуствувала на отварањето на сефовите на нејзиниот покоен сопруг, вели дека добила повик да биде дел од настанот, но не сакала да се вмешува во како што вели тој циркус.

-„Добив повик да присуствувам во отворање на сефовите, но не отидов бидејќи не сакам да учествувам во тој циркус. Претпоставував дека сефовите се празни и дека во нив нема ништо. Меидумите со денови креваа прашина, правеа неверојатни конструкции,“вели пејачката и додава дека не го предала клучот, па затоа сефот морало да биде скршен бидејќи не бил кај неа. Цеца вели дека клучот го собрале за време на акцијата „Сабја“ со останатите работи на Жељко.

Инаку, сефовите на Аркан не биле отворени 14 години, но синоќешното отварање не ја разреши мистеријата.

28.01.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа