Најавени мега трансфери во Вардар - пристигнуваат Лазаров, Карабатиќ, Рутенка и Штербик

Ракометниот клуб Вардар од наредната сезона ќе се засили со четири големи имиња, пренесува весникот „Македонски Спорт“. 

Одличните засилувања од минатата сезона, како и најавените кои допрва треба да се реализираат се потег со кое раководството на клубот дава до знаење дека имаат намера да креираат вистински дрим-тим кој ќе се бори за пехарот во Лигата на шампиони. 

Меѓу најавените мега засилувања се споменуваат имињата на капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров кој треба да пристигне заедно во пакет со најдобриот ракометар на последното ЕП Никола Карабатиќ. Најавени се и голманот на Барселона Штербик и Сергеј Рутенка.  

Заедно со Душебаев, Дибиров, Карачиќ, Растворцев и најавените нови четири мега ѕвезди, тренерот Раул Гонзалес Гутиерез ќе има вистински дрим тим.

Засега ваквите трансфер-саги остануваат само најави за она што допрва треба да следува, но спортскиот весник како што пренесува од свои извори, истите ќе се случат најдоцна до септември годинава. 

28.01.2014 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега