Млада скопјанка со морбили хоспитализирана на Инфективна

33-годишна скопјанка заболена од мали сипаници завчера била хоспитализирана на Инфективната клиника. Заболената имала примено само една доза од вакцината против МРП, информираат лекарите..

-Состојбата на пациентката која веќе има исип е стабила и прима соодветна терапија, велат за zdarvstvo24.mk од Инфективна.

За неполн месец во земјава се регистрирани дури пет случаи на мали сипаници, додека во текот на минатата година имало само тројца заболени. Од комисијата за заразни болести велат дека не случаите не се поврзани, но будно ја следат состојбата.

36 годишниот војник со мали сипаници кој минатата недела беше примен на Инфективната клиника, е пуштен на домашно лекување.

Морбилите се поопасни за повозрасните лица. Лекарите предупредуваат дека може да предизвикаат сериозни проблеми на белите дробови, мозокот и срцето доколку заболените не се јават на време на инфектолог и не примат соодветна терапија.

Периодот на инкубација на вирусот трае околу 2 недели, а потоа се јавуваат првите симптоми. Симптомите се слични како кај грип, со печење на очите, секрет во носот, покачена температура, малаксаност, а потоа се јавува исипот. Морбилите се најзаразни 5 дена пред и 5 дена после исипот.

 

Според епидемиолозите, најдобра заштита од морбили е вакцинацијата. 

29.01.2014 - 11:14
Фото: 
utrinski.unet.com.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега