Обрван: Миркуловски е професионалец каков ретко се наоѓа

“Миркуловски е врвен професионалец каков ретко се наоѓа. Тој е пример како треба да се настапува во националниот дрес и тој е ракометар кој комплетно се става во функција на репрезентацијата. На ЕП во Данска одигра и подобро од очекуваното, затоа што непосредно пред првенството имаше проблеми со повредата на коленото. Сепак, со силни напори од страна на лекарскиот тим овозможивме да го имаме на располагање за ЕП. Миркуловски вреди злато за нашата репрезентација“ – рече Обрван на денешната седница на УО на РФМ.

29.01.2014 - 20:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега