Решение за совршен однос со партнерот - ” Секс со очилата на Гугл “

Скриените камери и огледалата на таванот можете да ги заборавите. 

Паровите веќе ги користат модерните технологии, за да ги снимаат најинтимните моменти. Апликацијата овозможува двојките да погледнат преку очите на партнерот.

“Сакавме да го промениме начинот на кој луѓето ги доживуваат нештата. Си го поставивте прашањето како да се направи сексот уште подобар со Google и развивме ” Секс со очилата на Гугл “, објаснува креаторот на апликацијата Шериф Мактаби кој е студент по индустриски дизајн во Англија.

Апликацијата се контролира преку звучни команди. Зборот “Time”, на пример, поставува команда за започнување на записот. Луѓето кои ги носат очила на Гугл можат да го снимаат партнерот за време на секс или да го свртат уредот и да го променат кадарот. По завршувањето на чинот партнерите велат “Крај” и очилата создаваат снимка на доживувањето.

Ако очилата се поврзани со паметни лампи или други паметни уреди дома, партнерите може да ја контролираат музиката, светлината или дури и да побараат на интернет нови пози.

Претходно Гугл јасно ја претстави својата позиција за апликации кои имаат врска со слична содржина и забранетата порнографска апликација “T *** & Glass”. Таа е превземена од 17 корисници во денот на објавувањето, а сајтот бил посетен повеќе од 10 000 пати пред Гугл да ја блокира апликацијата. “T *** & Glass” овозможува прелистување на сајтови со содржина за возрасни и репродукцијата на направени снимки со интимна содржина, слично на Секс со Гугл очила.

31.01.2014 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега