Помош: Се шета низ Маџари но не може да си дојде дома - сте го виделе ли?

Веќе цела недела семејството и полицијата трагаат по исчезнатиот  75 годишен старец Мирослав Стефановски. Неколку граѓани повторно се јавиле да кажат дека утрово  го забележале склеротичниот старец овојпат во близина на кафеаната ЈАТО  во Маџари. Пред неколку дена тој нестабилно и изнемоштено  се движел и по улиците кај местото Триангла во истата населба.  Како стигнал до таму е нејасно за семејството. Среќни што е сеуште жив очајно бараат помош скопјани  доколку повторно го забележат да пријават веднаш во полиција. Апелираат на совесност кај   граѓаните, доколку го видат да му пристапат и да  го задржат некое време додека да пристигне семејството. Граѓаните не треба да стравуваат дека старецот може да им наштети бидејќи тој е само болен не и агресивен.

Оние кои  му јавиле на семејството велат дека човекот  бил во критична состојба и  бидејќи не знаеле за неговото исчезнување помислиле дека се работи за лице во алкохолизирана состојба. Семејството повторно апелира до  жителите на населбите  Маџари и Ченто  и од сите граѓани доколку повторно го забележат веднаш да ги контактираат на телефонот 076 660 917. Старецот е облечен во тегет блуза, носи темни пантолони и собни папучи.

Роднините на старецот Мирослав Стефановски се загрижени за неговото здравје бидејќи веќе цела недела   не ја прима неопходната терапија. 

31.01.2014 - 22:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега