Провејува снег на Стража и Маврово - внимавајте при возењето!
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, без забрани, застои и ограничувања, по местимично влажни коловози.
Слаби врнежи од снег има на Маврово, Стража, Буково и Пресека, магла со видливост од 50до100мтри има на Стража и Крушево. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Заради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, СЕ ЗАБРАНУВА сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван - село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.
Патниот правец Р2 332, Охрид - Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Од 15.11.2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2014 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа