Охрид наскоро ќе се спаси од комарците

Прскањето против комарци на територијата на општина Охрид ќе биде спроведено за десеттина дена, откако ќе бидат завршени и формалностите околу изборот на фирмата што ќе ги заврши предвидените активности на терен.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид потврдија дека дезинсекцијата против комарци веќе е одобрена од локалните власти, а само останува да биде избрана фирмата што ќе го спроведе прскањето.

Во истиот период превентивно ќе се спроведува и дератизација на канализациските одводи, како заштита на населението од евентуални појави на зарази. За точниот датум на прскањето против комарци населението ќе биде благовремено известено, што е особено важно за пчеларите кои ќе треба да преземат соодветни активности за заштита на своите пчелни семејства.

најчитано сега