На Панорамското тркало ќе се возиме во 2019 година

Изградбата на Панорамското тркало кое ќе никне на на нов пешачки мост на Вардар, во делот помеѓу Музејот на ВМРО и новиот театар, ќе заврши во 2019 година

Овој проект ќе го чини ЈСП Скопје над 12 милиони евра, кои претпријатието ќе ги двои во четири буџетски години, од 2014 до 2018 година.

Панорамското тркало ќе биде високо 73 метри, мерено од брегот на реката, а ќе има дијаметар од 57 метри.

Тркалото ќе има 30 гондоли, а во една ќе можат да се соберат осуммина возрасни и две деца. Гондолата ќе може да издржи товар од 750 килограми, а максималниот капацитет на патници на панорамското тркало ќе биде 300, односно 240 возрасни и 60 деца.

03.02.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега